Почетна

« Назад

Интерактивна мапа

Superium 1

КАТ 1 КАТ 4 КАТ 7 КАТ 10 КАТ 13 КАТ 2 КАТ 5 КАТ 8 КАТ 11 ПРИЗЕМЈЕ КАТ 3 КАТ 6 КАТ 9 КАТ 12 КАТ

Superium 2

КАТ 1 КАТ 4 КАТ 7 КАТ 10 КАТ 13 КАТ 2 КАТ 5 КАТ 8 КАТ 11 ПРИЗЕМЈЕ КАТ 3 КАТ 6 КАТ 9 КАТ 12 КАТ
2
FINALEN-web
1
previous arrow
next arrow
lOKACIJA
Model
previous arrow
next arrow

Објект

„Porta Superium 1 , 2“


Комплексот “PORTA SUPERIUM” е лоциран на бул. 3-та Македонска Бригата во населба Аеродром, во непосредна близина на Агенцијата за Храна и Ветерина, како и Средното Училиште ”Димитар Влахов”. Сместен на самата граница помеѓу Општина Аеродром и Општина Центар, овозможува брза и лесна комуникација со централното градско подрачје, па така до Плоштад Македонија е одалечен само 2км., додека пак Железничката станица се наоѓа веднаш до локацијата. Од источната страна има директен пристап кон Општината Аеродром која овозможува голем број на рекреативни, социјални и културни содржини. Инфраструктурно е поврзана со две градинки и две основни училишта, со неколку средни училишта, со Поликлиниката “Јане Сандански”, голем број на рекреативни паркови, маркети, ресторани и кафулиња.

Комплексот PORTA SUPERIUM претставува современо решение кое одговара на денешните потреби за живеење. Во целиот комплекс се предвидени различни содржини (угостителски локали, трговски дел, супер маркет, деловни простории) кои допринесуваат кон квалитетот на живеење во овој дел. При изградба ќе се употребат високо квалитетни градежни материјали, санитарија и столарија. Во секој од објектите, се проектирани посебни влезови и комуникациски јадра во однос на фукцијата, па така има поседни влезови за деловниот дел, а посебни за станбените делови. Паркирањето е решено како едeн интегрален простор за целиот комплекс. Пристапот кон минус нивоата е предвиден од три страни со што се олеснува комуникацијата на голем број на возила.

Водени од желбата за придонес кон квалитетот на живеење Porta Inzenering Group го поддржуваат развојот на нови технологии и намалување на трошоците за електрична енергија со воведување на нови smart системи во PORTA SUPERIUM. Во секој стан е предвидено да се вгради smart system, кој ќе овозможи преку апликација да се контролираат сите електрични светла, бојлер, радиатори, клима уред, а исто така и ќе има можност за поставување на детектори за пожар и поплава. Со овој систем ќе се намали потрошувачката на електрична енергија на секоја станбена единица, а со самото тоа овие станови се енегетски по ефикасни.

Зградата 1 и 2 се ориентирани кон бул. 3-та Македонска Бригада, каде приземјето, првиот и вториот кат се интегрални (споени). Во приземјето се предвидени 12 локали со површина од 75 до 110 м², додека на првиот кат се предвидени 6 локали кои се дуплекси (на два ката) кои на вториот кат располагаат со тераси кон булеварот, кои во зимскиот период би биле затворени како би можеле истите да се користат.

Станбениот дел во оваа единица е поделен на зграда 1 и 2, кој се протега од 3 кат до 12 кат и поткровје. Зградата 1 е поделена на два влеза, додека во зградата 2 има еден влез. Становите во овој дел се претежно со северна и јужна ориентација, освен аголните станови кои дополнително се ориентирани кон исток и запад. Во зграда 1 и 2 предвидени се: двособни, трособни и четворособни станови со површина од 40м². до 90м².