Повеќе инфо за достапниот простор на 071345664 или на specijalgradba@specijalgradba.com.mk
Доживејте сосема ново планинско искуство во Македонија во вашиот нов дом на 1450 метри надморска височина. Нови ексклузивни апартмани во Крушево!
Единствено во Крушево – Нови апартмани за продажба на една од најатрактивните локации, веднаш до жичницата и најголемиот адреналински парк во земјава.
Искористете ја уникатната можност да уживате во неверојатен поглед и да го истражите градот Крушево на сосема нов начин.
Луксуз и удобност – Апартманите се изградени во три посебни куќи, во специфичен архитектонски стил, меѓусебно поврзани во приземјето, создавајќи простран комплекс со заеднички забавен простор.
Одберете апартман со функционален распоред од 30м2 до 60м2, дел од кои нудат пространи тераси од 100м2 со неверојатен поглед кон македонските планини.
Блиску до акција – На само неколку чекори од ски центарот и адреналинскиот парк, овие апартмани нудат пристап до спортски и рекреативни активности во текот на целата година. Од апартманите лесно можете да започнете планинарска тура или велосипедска авантура низ Крушевската корија.
Удобности и релаксација – Во близина на апартманите се наоѓа модерниот ресторан и lounge бар „АЛТО“, каде што можете да се релаксирате и уживате во свежо подготвена храна и пијалоци по целодневните активности.
Врвен квалитет и функционалност – Секој апартман е дизајниран со врвен квалитет и функционален простор, обезбедувајќи комфор и стил за секој посетител. Патот до апартманите е новоасфалтиран, а за секој апартман е обезбеден и паркинг простор.
Не пропуштајте ја оваа единствена понуда за незаборавен престој во Крушево – резервирајте го вашиот апартман сега и доживејте ја магијата на планинскиот воздух и спектакуларниот поглед!
Повеќе инфо на 070205569 и 070227447 или на specijalgradba@specijalgradba.com.mk или во седиштето на градежната компанија Специјал Градба во Скопје на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 60 А
Специјал Градба продолжува со инвестирање во туристичкиот развој на Крушево
Компанијата Специјал Градба продолжува да придонесува за развојот на успешната туристичка приказна во Крушево. Би сакале да ја известиме јавноста дека компанијата изминатата недела започна постапка за преземање на хотелот Монтана и неговите придружни објекти во рамки на нашата групација од објекти за угостителство и туризам.
Пред речиси 5 години започнавме со нашите инвестиции во угостителството со успешното рестартирање на хотелот Панорама во Крушево. Оттогаш до денес, постојано ја збогатуваме нашата понуда за сите посетители на Крушево. Го обновивме скијачкиот центар во Крушево и го трансформиравме во најголем авантуристички парк во државата, со активности достапни во сите годишни времиња со кои силно го промовираме концептот на т.н. активен туризам. Во непосредна близина на ски центарот започнавме со изградба на апартмани за сместување со што сите посетители имаат вистинско ski-in ski-out искуство. Во рамки на понудата за нашите гости секогаш даваме предност на развој и користење на локалните капацитети во Крушево.
Нашата долгорочна проценка е дека развојот на туристичкиот потенцијал на градот е доколку има доволно сместувачки капацитети кои нудат висококвалитетни содржини на своите гости. Токму затоа, нашите понатамошни чекори во развојот на хотелот Монтана ќе бидат врзани со негова трансформација во модерен планински хотел кој пружа премиум релаксација на своите гости со прекрасен поглед на градот. Хотелот е изграден 1973 година, а повеќе од 10 години е во приватна сопственост. Во моментот располага со 77 соби, конгресна сала за 330 лица и 2 конференциски сали како и останати придружни објекти. Во склоп на хотелскиот комплекс се наоѓа и црквата Св. Троица.
Како општествено-одговорна компанија, Специјал Градба, во наредниот период и понатака ќе придонесува за промоција на културното и историско наследство на Крушево пред туристите од државата, регионот и светот. Нашата цел е и Крушево да биде задолжителен и неизоставен дел од туристичката понуда на т.н. кружни туристички тури на Балканот.